ПОВЕЌЕ

    Иновации кои одговараат на ФинТек предизвици

    Време зa читање: 3 минути

    Традиционалните финансиски организации ќе бидат нарушени доколку не се адаптираат на новите промени. Терминот „нарушувачка иновација“, кој се однесува на бизнисот, беше прв пат употребен од Клејтон Кристенсен од Харвард, во 1995 година.

    За жал, Кристенсен почина на 23 јануари, 2020 година по долгата борба со рак. Кристенсен тврдеше дека воспоставените компании имаат предизвици во иновациите, бидејќи тие се фокусираат многу на работите кои ги направиле успешни во минатото.

    Неговата теорија опишува како иновацијата може да го трансформира бизнисот. Еве неколку клучни извадоци од неговата книга „Дилемата на иноваторот“ што можат да бидат корисни за секој бизнис, особено бизнис кој делува во финансиската индустрија.

    „Повеќето нови технологии поттикнуваат подобри перформанси на производот. Јас ги нарекувам овие одржливи технологии. Некои одржливи технологии можат да бидат дисконтинуирани или радикални во карактер, додека другите имаат растечки карактер.”

    “Она што е заедничко за сите одржливи технологии е тоа дека тие ги подобруваат перформансите на воспоставените производи.“

    „Производите засновани врз технологии за нарушување обично се поевтини, поедноставни, помали и често, попогодни за употреба.”

    Во финансиски услуги, ќе се случат промени какви што се случија кај плаќањата, со нови начини за сервисирање на потрошувачот. Јасно е да се увиде дека ФинТек компаниите ќе можат да ја шират својата понуда низ поширок опсег на слични услуги или помошни услуги.

    Без разлика дали фирмата е воспоставена, или е нов учесник на пазарот, постојат две главни опции кои се достапни на денешниот пазар на брзи дигитални промени. Или фирмата ќе стане платформа за претходно понудени услуги, како и нови услуги понудени од други компании, или фирмата ќе преќине да ги нуди своите традиционални производи и услуги. Постојат многу примери на организации кои градат софистицирани платформи кои вклучуваат финансиски услуги. Високо-технолошките фирми како Гугл, Амазон, Фејсбук, Убер, и Алибаба, не се единствените кои ја користат оваа стратегија. Исто така постојат традиционални финансиски фирми како ББВА и ПингАн кои превземаат слични акции.

    Многу технолошки фирми, како што се Епл и Гугл, никогаш не престануваат да ги саботираат нивните претходни производи, за да можат да го искористуваат целиот потенцијал со воведување на нови производи и услуги.

    Постојат многу малку финансиски институции кои се подготвени да го уништат минатото за да обезбедат пат до иднината. Дел од причината е затоа што толку голем дел од наследството се потпира на статус кво за безбедност на нивната работа.

    Епл, Salesforce и Амазон се примери на фирми кои се фокусираа на постојана иновација како пат кон профитабилност и одржливост. Културата на иновација проникнува од организацијата, заменувајќи ја традиционалната култура на намалување на трошоците.

    Неодамнешните наоди од извештајот за дигитално банкарство во 2019, беше откриено дека повеќето иновативни банкарски организации кои беа дигитално зрели, имаа најголема употреба на напредна технологија. Овие фирми исто така имаат највисок рејтинг на задоволство кај клиентите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично