ПОВЕЌЕ

    Известување за работно време на експозитурите на НЛБ Банка од 08.04.2020 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка ги известува клиентите дека во согласност со последните воведени мерки од Владата на РСМ за спречување на ширење на Корона вирусот, како и промената на полицискиот час, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од среда 08.04.2020 година (денес) и тоа:

    • Сите експозитури на НЛБ Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 07:30 до 13:30 часот.

    • Експозитурите на Банката во сабота нема да работат.

    Дополнително, со цел зајакнување на капацитетите на работа, ќе работи и експозитурата во Ново Лисиче. Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно актуелните мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира на веб страницата на Банката на следниот линк.

    НЛБ Банка е заедно со своите клиенти за сè што следи и е достапна на социјалните мрежи, на веб страницата и на телефонскиот број 02/15-600.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично