ПОВЕЌЕ

    Здружението на пензионери Куманово ќе подели ваучери од 1000 денари за членови со ниска пензија

    Време зa читање: 2 минути

    Кумановското здружение на пензионери од понеделник ќе почне со поделба на вредносни ваучери од 1.000 за членовите кои примаат најниска пензија, соопштија надлежните од здружението. Предвидено е да бидат поделени 750 ваучери од 1.000 денари за членовите кои примаат пензија до  11.000 денари, пишува слободен печат.

    – Ваучерите се доделуваат на членовите кои имаат ниска пензија. Средствата се дел од годишната програма на здружението  определни во годишната програма во рамки на хуманитарно-социјалниот проект, изјави претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

    За да подигнат ваучер, пензионерите ќе треба да приложат фотокопија од лична карта и чек од  последна пензија. Многу важно е, нагласува Јакимовски кога ќе ги подигаат ваучерите, пензионерите да ги почитуваат препораките, да носат маска, да држат дистанца пред здружението.

    -Нема право да се пријават пензионерите кои веќе користеле ваучер во 2019 и 2020-та година, изјави Јакимовски.

    Здружението на пензионери Куманово е едно од најактивните и најбројните во државата со над 14.500 членови. Во рамки на активностите здружението нуди и еднократна парична помош за заболени членови, поддршка за бањски туризам.

    Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично