ПОВЕЌЕ

    Живко Мукаетов се стекна со нови акции во Алкалоид

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првиот човек на нашата најголема фармацевтска компанија Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид  купи нови 500 обични акции во друштвото.

    Компанијата Алкалоид, преку Македонска берза извести дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    Ова е четврти пат годинава, по оние во месец мај и јуни, кога Мукаетов купи по 600 обични акции во месец, додека во март тој купи 400 акции во друштвото.

    Членовите на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје во континуитет вложуваат во акцијата на Алкалоид, и тоа е позитивна корпоративна пракса.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично