ПОВЕЌЕ

    Европа, Гранит и Реплек ќе делат дивиденди

    Време зa читање: 2 минути

    „Европа“ на своите акционери ќе им исплати дивиденда во бруто износ од 225.000 евра. Висината која ќе се исплаќа за една акција е бруто 60 денари, а ќе биде исплатена најдоцна до 30 септември 2020 година.

    Компанијата лани оствари добивка од околу 1,2 милиони евра , што е за 21,5 отсто пониска од 2018 година. Покрај за дивиденда, околу 150.000 евра од добивката ќе бидат поделени за награди на членовите на одборот на директори, додека 818.000 евра е одлучено да останат нераспределени.

    „Реплек“, пак, ќе исплати дивиденда за 2019 година во вкупен износ од 1,7 милиони евра, по цена од 3.751 денари нето за една акција, или 4.168 денари бруто. За исплата на дивидендата компанијата ќе ги користи парите од тековната добивка во износ од 79.737.709 денари и законските резерви во висина од 28.296.851 денар.

    Градежната компанија „Гранит“ во 2019 година оствари нето добивка во износ од околу 3,1 милион евра од кои 2,6 милиони евра ќе бидат распределени за реинвестирање, а останатите 500.000 евра се наменети за награда на менаџерскиот тим.
    Компанијата соопшти дека ќе подели и дивиденда за акционерите во бруто износ од 33,33 денари по акција.Дивидендата ќе се исплати од акумулираните нераспределени добивки од минати години во бруто износ од 1,5 милиони евра. Исплатата на дивидендата ќе се изврши на 28.09.2020 година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично