ПОВЕЌЕ

    Донација на компјутери од ТТК Банка за ООУ „Киро Глигоров“

    Време зa читање: 2 минути

    ТК Банка АД Скопје донираше 8 компјутери со придружна опрема за децата од ОOУ „Киро Глигоров“ од Скопје. Во согласност со потребите на училиштето, компјутерите сe наменети за опремување на кабинетот по информатика. Донацијата е дел од стратегијата на Банката за спроведување општествено одговорни практики за доброто на заедницата.

    ‘’Информатичката технологија денес е од витално значење за образованието. Целта на оваа донација е да им овозможиме на децата соодветни услови за унапредување на дигиталните вештини. Веруваме дека ќе им помогнеме поефикасно да ги стекнуваат новите знаења онлајн, бидејќи образованието е процес што нема алтернатива. На овој начин Банката ја продолжува поддршката во развојот и едукацијата на децата и дава свој придонес за надминување на ограничувањата. – изјави претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје проф. д-р Драгољуб Арсовски.

    Благодарение на донираните компјутери, учениците ќе ја започнат следната учебна година подготвено, со функционален компјутерски кабинет. Директорката на ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје се заблагодари на ТТК Банка АД Скопје за донацијата и за покажаната хуманост.

    „Донацијата на ТТК Банка АД Скопје ќе овозможи непречена секојдневна работа. Учениците и наставничкиот кадар ќе можат квалитетно да ги реализираат секојдневните планирани дигитални содржини, да користат онлајн образовни материјали и алатки достапни на интернет. Освен во наставата, компјутерите ќе се користат и во сите воннаставни активности и проекти коишто се особено важни за афирмацијата на училиштето, на локалната заедница и на градот“ – изјави директорката на ООУ „Киро Глигоров“ Билјана Билбиловска.

    ТТК Банка АД Скопје, во улога на општествено одговорна компанија, и во иднина ќе продолжи со активна поддршка на проекти за развој на заедницата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично