ПОВЕЌЕ

    ДИЛЕР НА ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ – Отворена работна позиција во Стопанска банка

    Време зa читање: 3 минути

    Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица на пазарот. Нашиот тим од 1.000 вработени остварува одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените современи принципи на работа и пренос на знаење.

    Со цел проширување на својот тим, Стопанска банка АД – Скопје објавува оглас за следната работна позиција:

    ДИЛЕР НА ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ ВО СЕКТОР ЗА СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ

    Работните обврски за оваа позиција вклучуваат:

    •    Купопродажба на странски платежни средства на девизниот пазар;
    •    Одржување и унапредување на односите и соработката со клиентите и филијалите на СБ
    •    Тргување на пазарот на пари (депозити)
    •    Тргување со хартии од вредност (Државни записи и обврзници)
    •    Тргување со ефективни парични средства
    •    Формирање на курсните листи за СБ
    •    Подготвување на интерни и екстерни извештаи и организирање на база на податоци

    Потребни квалификации на кандидатите:

    •    ВСП – Економски факултет / Бизнис администрација
    •    Одлично познавање на англиски јазик
    •    Одлично познавање на Microsoft Office

    Лични карактеристики:

    •    Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
    •    Одлични организациски и комуникациски вештини
    •    Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
    •    Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

    Претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседување ACI Dealing Certificate ќе се смета за предност при вработувањето.

    Вработувањето е на определено време со можност по истекот да премине  во вработување на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со почеток од 8ч-9ч и крај на работното време од 16ч-17ч во седиштето на Банката, улица 11 Октомври бр.7,Скопје.

    Висината на основната плата ќе се дефинира врз основа на работното искуство и исполнувањето на критериумите од страна на кандидатот.

    Пополнете ја апликацијата на веб страницата на Банката со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 19.12.2022 година.

    Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати и спроведените влезни интервјуа. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично