ПОВЕЌЕ

    Дански супермаркет има брилијантен трик со цена за алчните купувачи

    Време зa читање: 2 минути

    Додека на интернет деновиве наидувате на објави, шеги и мемиња за тоа како луѓето навалиле на тоалетната хартија низ супермаркетите ширум светот, постојат некои продукти кои навистина е тешко да се најдат на полиците.

    Маските и медицинските ракавици се меѓу нив, но уште попопуларни се средствата за дезинфекција.

    Супермаркетот Rotunden во Данска се смета за најубав супермаркет во Данска и се опишува како ексклузивна трговска околина со почит и излегување во пресрет на потребите на луѓето. Очигледно, нивните вредности се исто така хумани за да се грижат не само за продажба колку што е можно повеќе, туку и за добивање на производот на многу луѓе што имаат потреба.

    Овој маркет продава едно шише  дезинфекционото средство за 40 круни (5.50 евра), но две чинат дури 1.000 круни (134 евра) по шише!

    Маркетот во објава на Facebook  ја објасни нивната мотивација зад оваа цена:

    “Драги клиенти, Ние имаме голема одговорност да го задржиме работењето и можеме да го сториме тоа само со сечија помош и разбирање. Може да помогнеме на следниов начин: Бараме од сите клиенти да го почитуваат растојанието меѓу едни со други и нашите соработници. Дезинфицирајте ги рацете на влезот и користете ракавици. Ако сте семејство, дозволете само едно лице да оди во набавка ако е можно. Можеби има периоди кога ограничуваме колку клиенти прифаќаме во продавницата. Ние ќе ве информираме за какви било оперативни промени на Facebook. Внимавајте и ви благодариме за разбирањето “, се наведува во објавата.

    Напишано од Весна Ѓорѓевска
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично