ПОВЕЌЕ

    Дали сте чуле за најпопуларната метода за продуктивност?

    Време зa читање: 2 минути

    Подобрување на вашата лична продуктивност претставува севкупно подобрување на вашата работа. Помодоро техниката ја има токму таа цел, зголемување и постојано подобрување на вашата продуктивност, што значи завршување на повеќе работи, поквалитетно и побргу.

    Најпросто кажано оваа техника како алатка претставува еден систем за менаџирање на времето, но не само тоа туку систем кој овозможува бележење и подобрување на истото.

    Техниката е креирана од страна на Франческо Кирило во 1980-те години, а името доаѓа од кујнскиот часовник кој се користи заради мерење на времето во форма на домат (pomodoro).

    Кирило техниката ја користела како студент, во време кога морал да учи и пишува трудови, а подоцна продолжил да ја применува во деловниот живот.

    Како функционира помодоро техниката?

    Помодоро функционира на едноставен начин, а ова се четири главни чекори:

     – Поставете го тајмерот на 25 минути

     – Работете постојано додека не заѕвони тајмерот

     – Одморете се (3-5 минути)

     – После четири помодори, направете подолга пауза (15-30 минути)

    Кирило ја разви помодоро техниката како студент, а студентите се секако една од групите што техниката може да им служи добро. Помодоро техниката е добра за сите други работници кои работат сами без соработници, особено за креативци. Дизајнерите и програмерите се чести корисници на техниката помодоро, но и другите професии можат да ја користат за време на периоди кога треба да поминат многу време на осамена работа, како што е пишување извештаи.

    Како да се измери времето?

    Кирило вели дека е најдобро е да набавите механички тајмер, бидејќи самиот чин на навивање ја докажува вашата решеност целосно да се посветите на задачата пред вас во наредните дваесет и пет минути. Исто така, секој паметен телефон има функција за одбројување во своите основни опции, а AppStore и Google Play се преполни со апликации за Pomodoro tech. Само внесете “pomodoro” во пребарувањето.

    Напишано од Весна Ѓорѓевска

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично