ПОВЕЌЕ

    Г20 ги замрзнуваат долговите на најсиромашните на една година

    Време зa читање: < 1 минутa

    “Одлуката за замрзнување на плаќањето на рата и камата ќе ослободи повеќе од 20 милијарди долари коишто најсиромашните земји ќе можат да ги потрошат за своите здравствени системи и ќе им помогнат во борбата против пандемијата“, изјави Мохамед ал Јадаан, министер за финансии на Саудиска Арабија.

    Замрзнување на отплатата на долгот се однесува на најсиромашните и најнеразвиени економии, според критериумите на Светска банка и Обединетите нации, а коишто отплаќаат заеми земени од Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

    Оваа иницијатива произлегува од напорите да зајакне глобалната економија по налетот на пандемијата од коронавирусот.

    Замрзнување на отплатата ќе трае една година, но постои можност за продолжување.

    Вкупно 18 шефови на држави од Европа и Африка веќе побараа олеснување на условите за отплата на долговите, како и план за обнова на економијата од околу 100 милијарди долари за африканскиот континент.

    Извор: Бизнис Инфо

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично