ПОВЕЌЕ

    Грција на невакцинираните им ја укинува државната помош

    Време зa читање: 2 минути

    Грција нема пари за уште една изолација и затоа во иднина сите забранети мерки што ќе бидат донесени ќе важат за невакцинираните.

    Немаме пари за уште една изолација и повеќе не можеме да и помогнеме на економијата со економски пакети, вели министерот за развој Адонис Георгијајадис.

    „Ако пристигне нов бран пандемии, есента, нашите финансии завршија“, драматично рече Георгијадис, поради сериозната загриженост на владата за можен нов бран во септември.

    Повеќе нема да има т.н. хоризонтална изолација, но сите забранувачки мерки што ќе бидат донесени ќе важат за невакцинираните, кои повеќе нема да добиваат парична помош. Економијата и целото општество повеќе нема да одат во карантин, заради оние кои одбиваат да ја примат вакцината, што им е достапна на сите, предупреди вицепремиерот Акис Скерчу.

    Така, од понеделник, 5 јули, вакцинираните лица продолжуваат да патуваат слободно на островите со потврда, додека за други задолжителниот тест за PCR не постар од 72 часа, брз тест не постар од два дена.

    Засега, кога станува збор за движењето во копното на Грција, се проучува епидемиолошката состојба, според која може да се преземат некои нови мерки.

    Бројот на заразени расте, причината – релаксација

    Епидемиолошката слика се менува бидејќи бројот на заразени расте, тој е веќе близу 800 на ден, што е пораст што загрижува бидејќи, на пример, во јуни бројот на пациенти се намали за 75 проценти и смртните случаи за 50 проценти во споредба со до претходните месеци.

    Болеста главно ги погодува младите на возраст меѓу 18 и 34 години, но индексот на позитивност сè уште останува околу 1,2 проценти. Кризниот штаб смета дека причина за тоа е релаксацијата по седум месеци карантин, но и присуството на делта, што е регистрирано во 54 случаи досега.

    Во август се очекува да има нови случаи на инфекција со делта-вирус, па епидемиолозите размислуваат за нови мерки за запирање на неконтролираното ширење.

    Повеќе од 30 проценти од Грците досега примиле две дози вакцина. Владата на Мицотакис избегнува директен притисок врз своите сонародници, но со мерките што ги носи, им станува јасно дека вакцинацијата е единствениот начин да се заштити.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично