ПОВЕЌЕ

    Граве осигурување купи 3.200 акции од Еуролинк осигурување

    Време зa читање: < 1 минутa

    Откако Граве осигурување купи 3.200 акции во вредност од 17, 5 милиони евра од Еуролинк осигурување, стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување, Еуролинк ја има втората позиција со учество од над 13 проценти на пазарот на неживотно осигурување.

    ГРАВЕ Осигурување АД Скопје, во Македонија постои веќе 12 години. Тоа претставува осигурително друштво кое има 100 процентен сопствен капитал од Австрија.

    Агенцијата за супервизија на осигурување му даде можност на Граве Осигурување, да купи голем дел од Еуролинк осигурување на почеток на Март, 2020.

    Тогаш беше соопштено дека е дадена согласност за стекнување квалификувано учество од страна на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија на акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75 отсто од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично