ПОВЕЌЕ

    Голдман Сакс ќе заработи двојно во шпанската фудбалска лига

    Време зa читање: 2 минути

    Голдман Сакс ќе позајми една милијарда евра на приватната компанија „ЦВЦ“ за инвестиција од 2,7 милијарди евра во шпанската фудбалска лига – Ла Лига.

    Порталот Ел Конфиденцијал беше првиот што извести за вмешаноста на Голдман во предложениот договор, за кој клубовите – членови на Ла Лига ќе одлучат подоцна денеска и што предизвика жестоко противење од Реал и ФК Барселона, пишува tportal.

    Лигата минатата недела објави дека договорот, наречен „Зголемете ја Ла Лига“, ќе ги зајакне клубовите и ќе им даде средства да трошат за нова инфраструктура и проекти за модернизација, како и да го зголеми износот што може да го потрошат за платите на играчите.

    Некои клубови се спротивставија на договорот бидејќи на CVC и дава скоро 11% удел во телевизиските права на лигата во следните 50 години.

    Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, го опиша договорот како ефективни хипотекарни права за клубовите во наредниот половина век, додека Реал Мадрид поднесе тужби против претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас и шефот на ЦВЦ Капитал Партнерс, Хавиер де Хаиме Гијаро.

    Покрај договорот со Ла Лига, Голдман Сакс и позајми 525 милиони долари на Барселона во посебен договор во јуни, па затоа не е изненадување што Блумберг го нарече потегот на гигантската инвестициска банка „двоен удар“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично