ПОВЕЌЕ

    Во организација на СФОМ – Традиционални спортски натпревари во СЦ Форца

    Време зa читање: 2 минути

    СФОМ – Синдикалната организација на работниците од финансиските организации на Македонија, по повод светскиот ден на штедење 31 октомври традиционално секоја година организира спортски активности помеѓу банките и останатите финансиски институции членки на СФОМ.

    Членови на синдикат од финансиските организации се натпреваруваат во куглање, пинг понг, пикадо, баскет, одбојка и мал фудбал.

    Водител на настанот ќе биде добро познатиот Марко – дај побрзај, а за забавниот дел ќе се погрижи ДиЏеј Мац.

    Љубителите на фудбалот, денеска со почеток во 12 часот во СЦ Форца можат да ги проследат натреварите помеѓу:

    Комерцијална Банка АД Скопје – Охридска банка (победникот од овој натпревар игра против НЛБ Банка)

    ТТК Банка – Виена Иншуренс Груп ВИГ (победникот од овој натпревар игра против Еуростандард Банка)

    Силк Роуд Банка – Шпаркасе Банка Македонија

    Халкбанк – Стопанска банка АД – Скопје

    Со почеток во 20:00 часот, во Ресторанот Форца приредува забава, ќе бидат прогласени победниците, и ќе им бидат врачени пехарите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично