ПОВЕЌЕ

    Во Италија компаниите ќе изгубат 650 милијарди евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Приходите во Италија би можеле да бидат помали за 17,8 проценти во однос на претходната година доколку епидемијата на коронавирусот потрае до крајот на годинава, пренесува Reuters.

    Во тој случај, се очекува 750.000 компании од 200 различни сектори во оваа и следната година да изгубат 650 милијарди евра, предупредуваат експертите.

    Завршувањето на епидемијата до мај би можела да доведе до пад на приходите од 7,4 проценти во споредба со претходната година.

    Аналитичарите сметаат дека епидемијата на коронавирусот претставува еден од најтешките удари за италијанската економија уште од Втората светска војна. Сектори кои се најмногу погодени се туризмот и автомобилската индустрија.

    Закрепнувањето на италијанската економија се очекува во 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично