ПОВЕЌЕ

    ВНИМАВАЈТЕ! Лажна наградна игра на лажен профил на НЛБ Банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    На социјалната мрежа Facebook, преку страница именувана како NLB Banka се споделува лажна информација за наводна наградна игра со која на клиентите им се нуди можност за удвојување на нивните средства кои тие ги имаат на својата сметка. Потенцираме дека се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на НЛБ Банка Скопје и се обидува да собере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа, предупредуваат од НЛБ Банка.

    Ве известуваме дека НЛБ Банка Скопје нема никаква поврзаност со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook.

    Лажната страница ќе биде пријавена до Facebook како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи.

    Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет. Доколку се сомневате на злоупотреба, Ве молиме веднаш контактирајте не на телефон 02/15600, стои во објавата на банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично