ПОВЕЌЕ

    Владата ја објави листата на срамот: Еве ги фирмите кои зеле државна помош, а не исплатиле плати

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на вчерашниот ден, Владата на Република Македонија ја објави срамната листата со имиња на компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата за февруари и март 2021 година  поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.

    Претходно, Директорката на УЈП, Сања Лукаревска објави дека  по дејности најмногу плата не исплатиле: 61 работодавачи од дејност подготовка на оброци и служење на храна, за 198 вработени во износ од 2.984.871 денари, потоа  33 работодавачи од дејност трговија на мало, за 87 вработени во износ од 1.359.389 денари, 24 работодавачи од дејноста копнен транспорт за 77 вработени во износ од 1.163.608 денари. По региони лидери се од Скопје,Тетово и Битола каде газдите си зеле државни пари, ама не им дале плата на 753 вработени.

    Ажурираната листа на неисплатена државна помош за месец февруари и март 2021 година за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош е достапна тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично