ПОВЕЌЕ

    БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Железницата трупа милионски загуби, а има долгови од минатиот век!

    Време зa читање: 3 минути

    Додека низ Европа граѓаните од еден град, па и од една во друга држава, како најбрз и најевтин превоз ја одбираат железницата, кај нас се помалку патници ги користат возовите, а железничкиот сообраќај се поретко се користи и за транспорт на стоки. Железницата е неисцрпна тема за новинарски текстови, дебати, партиски ветувања, а деновие прашањето повторно се актуелизира откако машиновозачите одбија да влезат во локомотивите, но и со превозот на јагленот со вагони до најблиската точка до РЕК Битола. Протестот на машиновозачите уште еднаш го постави на маса прашањето за финансиската кондиција на МЖ-транспорт, а прашањето за тоа како да се превезе јагленот што ќе се увезе за термоелектраната,  потсети на тоа како и колку се одржуваат пругите.

    Порталот „Пари“ ги анализираше документите што се јавно достапни од двете претпријатија кои ја диктираат судбината на железничкиот превоз во државата – АД Железници – транспорт и ЈП Железници – инфраструктура.

    МЖ-ТРАНСПОРТ НЕ ЗАРАБОТУВА ДОВОЛНО НИ ОД ПАТНИЦИТЕ, НИ ОД ФИРМИТЕ

    Минатата година АД Железници – транспорт релизирала приход од 18,7 милиони евра. Притоа, патничкиот сообраќај донел околу 7 милиони евра, а товарниот сообраќај речиси 11,5 милиони евра. Но, трошоците биле значително поголеми и претпријатието отишло во загуба околу 7,5 милиони евра. Според бизнис планот за 2021 година, АД Железници -транспорт планира речиси иста толкава загуба и за оваа година! Всушност, секоја година Железница трупа загуби.

    Еве какви се финансиските резултати на Железници-транспорт во последниве 5  години:
    (Во милиони евра)

    Дејности2005 (јануари)2010 (јануари)2015 (јануари)2020 (јануари)2021 (октомври)Раст 2021/2005
    Финансиска дејност и осигурување25.570 (1-во место)36.032 (3-то место)39.408 (1-во место)50.191 (1-во место)43.353 (2-ро место)168%
    Информации и комуникации19.382 (2-ро месо)31.360 (2-ро место)34.880 (3-то место)48.781 (2-ро место)55.488 (1-во место)186%
    Снабдување со електрична енергија, гас и пареа18.016 (3-то место)36.867 (1-во место)38.964 (2-ро место)43.430 (3-то место)41.675 (3-то место)131%
    Дејности со недвижен имот15.277 (4-то место)24.023 (5-то место)24.889 (8-мо место)29.078 (7-мо место)28.422 (8-мо место)86%
    Други услужни дејности14.991 (5-то место)19.255 (10-то место)25.327 (6-то место)30.985 (6-то место)35.438 (5-то место)136%
    ПРОСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА *12.52320.33021.82827.54029.145132%

    Извор: Бизнис планови на МЖ-Инфраструктура, објавени на нивната веб страница

    Наспроти овие големи загуби, МЖ-Транспорт има огромни обврски кон странски железници и кон добавувачите. Според нивните податоци, заклучно со 30.11.2020 година доспеаните неплатени обврски изнесувале 58 милиони евра, а дел од нив се од минатиот век!

    Кому сѐ му должи МЖ – Транспорт?
    (во евра)

    Доспеани неплатени обврскиЕвра
    ЕСМ8.600.000
    МЕПСО2.500.000
    ЈП МЖ Инфраструктура2.700.000
    Останати коминтенти 2.900.000
    Пуцко петрол 816.000
    ЕФГ Софија580.000
    Доспеани неплатени обврски кон странски железници 1991- 1995
    Бугарски железници3.600.000
    Хрватски железници4.500.000
    Доспеани неплатени обврски кон странски железници 1996-11.20209.800.000
    Доспеани обврски кон странски железници по спогодби9.700.000
    Приватни железници440.000
    Доспеани обврски кон Мин за фин. за платени обврски по кредити кон странство состојба 30.11.202020.400.000
    ВКУПНО58.000.000

     

    ЖЕЛЕЗНИЦИ -ИНФРАСТРУКТУРА ИМА АКУМУЛИРАНА ЗАГУБА ОД 54 МИЛИОНИ ЕВРА!

    Во загуба е и Железници -Инфраструктура. Ова јавно претпријатие го објави финасискиот извештај за третиот квартал од годинава и според него, само од 1 јули до 30 септември, Инфраструктура направила загуба од 1,3 милиони евра. Акумулираната загуба на јавното претпријатие, заклучно со 31.12.2020 година е дури 54 милиони евра! Притоа, неизмирените обврски на крајот од минатата година биле речиси 38 милиони евра. За одржувањето и доизградба на железничката инфраструктура , јавното претпријатие има позајмено пари од Светска банка, Европската банка за обнова и развој, но и од Агенцијата за државни патишта. Износот на основицата на овие долгорочни кредити е 198 милиони евра, а пресметаната камата изнесува над 4 милиони евра. Според последните податоци од МЖ-Инфраструктура во тек се инвестиции од 250 милиони евра.

    Финансиски показатели за Железници – инфраструктура

    (во евра)

    Акумулирана загуба54.000.000
    Неизмирени обврски (до 31.12.2020)38.000.000
    Долгорочни кредити (состојба 31.12.2020)198.000.000
    Инвестиции во тек (извештај 30.09.2021) 250.000.000

    Извор: Финансиски извештаи на Железници-инфраструктура, јавно објавени на нивната веб страна

    Во изминативе години сите влади го акцентираа проблемот со железничкиот сообраќај, најавуваа пруга кон Бугарија, модернизација на постоечките пруги, нови возови…. Но, освен 4 нови локомотиви, состојбата речиси да тапка во место, а загубите и во двете претпријатија постојано се зголемуваат. Идејата која со години е присутна, но очигледно тешко се реализира, е продажба, или јавно-приватно партнерство за МЖ- Транспорт, а задржување на инфраструктурата под државна капа. Во меѓувреме,  во изминативе 10 години бројот на патници превезени со железница се намали за 6 пати, а превезената стока речиси се преполови.

    ГодинаПревезени патнициПревезена стока
    2020253.0001.744.000 тони
    20101.512.0003.097.000 тони

    Извор: Државен завод за статистика

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично