ПОВЕЌЕ

    БРИТАНСКА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ НОВА СОФИСТИЦИРАНА ОПРЕМА ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ ВОЗИЛА

    Време зa читање: 2 минути
    Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистициран рачен скенер за пребарување возила. Донацијата ја предаде г. Адам Вудроу,  офицер за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство.

    Директорот на Царинска управа, г. Ѓоко Танасоски истакна дека скенерот што ќе го користат мобилните тимови претставува еден од начините за спречување и откривање на закани, како и стандард во секојдневното оперативно работење. Директорот посочи и дека поддршката и воспоставената соработка со царинските органи на Обединетото кралство е насочена кон подобрувањето на постојните и примената на нови техники и модалитети на работење преку размена на информации и најдобра практика во областа на борбата против криминалот, но и придонес кон забрзувањето на царинските постапки и трговија.

    Офицерот за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство г. Вудроу изрази задоволство од досегашната соработка со Царинската Упрва  на Република Северна Македонија, и се надева дека  оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично