ПОВЕЌЕ

    Блокчејн ќе биде најбараната вештина во 2020 година

    Време зa читање: 2 минути
    Блокчејн ќе биде најбараната вештина во 2020 година, откри ново истражување од страницата за социјално вмрежување LinkedIn.

    Само што беше објавена годишната листа на најбарани вештини за вработување на LinkedIn, „блокчејн“ се најде на врвот на најбараните списоци за вештини во 2020 година, според објавата на LinkedIn Learning.


    Во 2019 година, „блокчејн“ ги надмина вештините како што се cloud computing, вештачка интелигенција (AI) и дизајн на корисничко искуство (UX), со што стана најбарана вештина кај глобалните работодавци во 2020 година.


    Комкретно, барањето на вештини што ги пребаруваат работодавците се мери со утврдување на вештините наведени на профилите на LinkedIn само на луѓето коишто се вработени. Исто така, анализата опфати само градови со најмалку 100,000 жители коишто се активни на LinkedIn мрежата.

    За разлика од „меките вештини“, „тврдите вештини“ се однесуваат на вештини што вклучуваат способност на вработените да извршуваат одредена задача и вклучуваат специјализирани знаења и технички вештини како што се развој на софтвер, сметководство за пресметка на даноци или правни професионалци. Меките вештини, од друга страна, се вештини кои се однесуваат повеќе на начинот на извршување на овие задачи – како вработените се прилагодуваат, соработуваат, решаваат проблеми и донесуваат одлуки.

    LinkedIn е убеден дека „блокчејн“ се наоѓа пред светла иднина. LinkedIn го истакна огромниот потенцијал на блокчејн технологијата во однос на обезбедување на ефикасност на трошоците и времето, безбеден и децентрализиран метод за следење на сите видови на трансакции.

    Многу напредни светски компании како IBM, Oracle, JPMorgan, Amazon, LinkedIn и Microsoft ја активираат оваа технологија. Истражувањето ја зголемува свеста за важноста на блокчејн технологијата.

    Блокчејнот се оддалечи од свет на криптовалутите и стана решение за голем број деловни проблеми. Што значи дека не мора да нудите финансиски услуги за да барате нови вработувања кои имаат искуство со блокчејн технологијата.

    Извор: Bankar.rs

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично