ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Конкурентноста и иновативноста на младите генерира нови потенцијали за раст

    Време зa читање: 3 минути

    Државата е влезена во период на постпандемиско економско закрепнување, но ризиците и неизвесностите сè уште тука, во однос на синџирите на дистрибуција, скоковите на цените, финансиските нарушувања, енергетската несигурност и геополитичките тензии, посочи вицепремиерот за економси прашања, Фатмир Битиќи, Заменикот на претсетседателот на Владата говорејќи на панел дискусијата на билатералниот форум на тинк-тенк организации од Северна Македонија и Шпанија, на тема „Размислување и работење заедно“, организиран од Преспа институтот.

    „Варијациите на кои се изложени националните економии претставуваат предизвик за младите луѓе кои сакаат, кои имаат желба да понудат одговор на нив, да ги засноваат своите лидерски вештини на конкурентност и иновативност“, рече Битиќи.

    За вицепремиерот, овие квалитети стануваат уште поважн, ако ги артикулираме и процесите на  дигитализацијата на економските активности.

    „Младите луѓе кои се стремат да станат лидери треба да развијат дигитални вештини кои ќе им овозможат да интегрираат и водат системи кои обработуваат и анализираат големи количини податоци, во кои се интегрирани роботи и вештачка интелигенција, процеси кои вклучуваат технологии ‘облак’, сајбер безбедност… Ова е само мал дел од мозаикот наречен глобална економска конфигурација, во која лидерството треба да се препознае и да се интегрира за да се ослободат нови потенцијали за раст“, истакна вицепремиерот Битиќи.

    Како што наведе, климатските промени се уште еден фактор кој треба да се интегрира во визијата за одржлив економски раст.

    „Затоа зелената економија или преминот од фосилни кон обновливи извори на енергија со ниски или нула емисии на јаглерод, треба да се препознае како вистинска можност за реализација на економски идеи кои ќе дадат позитивни резултати. Според податоците на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија, лани 83 отсто од вкупните инвестиции во производството на електрична енергија биле насочени кон обновливи извори на енергија. Овој ‘зелен сектор’ од економијата лани имаше 12,7 милиони работни места, со проекција во 2030 година бројот на вработени да биде 38 милиони. Ова се дел од новите економски можности за граѓаните што ги создава зелената транзиција, а кои лидерите треба да ги препознаат и понудат“, нагласи Битиќи.

    Вицепремиерот Битиќи истакна дека обезбедувањето енергетска безбедност е од клучно значење за економската стабилност и одржливост.

    На панелот  учествуваа Пол Баргуес, виш истражувач од Центар за меѓународни односи во Барселона, Марија Ристеска, извршен директор во Центар за истражување и креирање политики, Благица Петреска, извршен директор во „Finance Think“, Филип Кулаков, програмски менаџер во Национален младински совет, а настанот го модерираше Драган Тевдовски, виш научен соработник во Преспа институт.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично