ПОВЕЌЕ

    Бизнис настани во Up Hub – Струмица

    Време зa читање: 2 минути

    Во новоотворениот Хаб за едукација и професионален развој, Up Hub – Струмица, во периодот од 14 до 17 ноември 2022 година, како дел од глобалната недела на претприемништвото ќе бидат одржани четири бизнис настани.

    Говорници на настаните ќе бидат искусни предавачи од повеќе релевантни области.

    Во понеделник, 14 ноември, Огнен Огненоски и Зоран Витанов ќе зборуваат на тема „Совети за развој на Start Up“, осврнувајќи се на клучните чекори за претворање на бизнис идејата во старт-ап и создавање успешна приказна.

    Во вторник, 15 ноември, на темата „Совети за ефективна деловна комуникација“ ќе зборува Александар Караев, експерт во областа на комуникации и мали бизниси. Фокусот на овој бизнис настан ќе биде „Како до подобра деловна комуникација со бизнис партнери, целни групи и соработници“.

    Во среда, 16 ноември, „Совети за брендирање и извозно ориентирање“ ќе даде Калин Бабушку, креатор на голем број брендови позиционирани на различни пазари во Европа и светот.

    Бизнис настаните организирани од Up Hub како дел од глобалната недела на претприемништвото, ќе завршат на 17 ноември, каде што Пламен Тодоров, експерт во областа на проектен менаџмент и финансирање ќе зборува за „Пристап до финансии“ за старт-ап бизниси.

    Up Hub Струмица беше отворен на 4 ноември во Струмица, каде што беа претставени четири генерални програми кои ќе се одвиваат во рамките на овој хаб за едукација и професионален развој.

    Од “Up Hub” најавуваат дека покрај бизнис настаните во рамките на глобалната недела на претприемништвото од 14 до 17 ноември, во следниот период ќе се организираат и други настани – инфо сесии и обуки, насочени кон професионален развој, едукација, вмрежување и соработка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично