ПОВЕЌЕ

    Антонио Аргир е реизбран за потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, г-дин Антонио Аргир е повторно избран за потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија. Господинот Аргир, како лидер на една од водечките банкарски институции во РСМ, ќе продолжи да придонесува за успешно спроведување на донесената Стратегија за градење на Комора на иднината, како и за унапредување и развој на бизнис сегментот.

    „Ми причинува особена чест да бидам уште еднаш дел од менаџментот на Стопанската Комора, како еден од најважните облици на организирање на стопанството кај нас. Благодарам за искажаната доверба и верувам дека ќе ги оствариме целите и визијата за развој и просперитет на македонските бизниси и стопанството воопшто. Имавме навистина тешка година зад нас, но сметам дека и понатаму, со уште позасилено темпо, ќе го застапуваме и штитиме интересот на бизнисмените во Македонија, и ќе се залагаме за развој, поддршка и афирмација на стопанските потенцијали.”- изјави Претседателот на Управниот одбор Антонио Аргир.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично