ПОВЕЌЕ

    Адора Инженеринг повторно купи акции во Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 1.651 обични акции издадени од Банката.

    Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 293.023 обични акции, односно има учество од 12,86% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

    Со оваа берзанска трансакција градeжната компанија Адора продолжува да биде еден од најголемите инвеститори во Комерцијална банка со откупување на нов пакет на акции со што стигна до речиси 13% учество во сопственоста на издадените хартии од вредност.

    Вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција на Комерцијална банка изнесува 5.611,99 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично