ТТК Банка: Престанокот со производство на Тетекс, нема да има никакво влијание врз работењето на Банката

Датум на објава: 12.02.2020

Време зa читање: 2 минути

ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја објавува следнава ценовно чувствителна информација, во врска со објавените информации за Тетекс АД Тетово за престанок со производство на тешка конфекција, компанија која е најголемиот акционер во Банката.

„Објавата на ценовно чувствителната информација на нашиот најголем акционер Тетекс АД Тетово за престанок со производство на тешка конфекција, нема никакво влијание на работењето на Банката и нејзините резултати, бидејќи Тетекс АД Тетово важи за компанија која работи со позитивни финансиски резултати со години наназад и ќе продолжи да работи и во иднина. Престанокот со производство на тешка конфекција е во насока на рационализација и одржување на позитивното работење на компанијата.

Прочитајте и ...  “FinCEN досие”: како банките им дозволија на криминалците да префрлаат „валкани пари“

ТТК Банка АД Скопје претставува посебен самостоен субјект, акционерско друштво, кое во целост ги почитува сите законски и подзаконски супервизорски стандарди во нејзиното работење и повеќе години наназад во низа остварува успешни позитивни финансиски резултати кои резултираат со поделба на дивиденда по акција које е меѓу најприносните на Македонската берза за хартии од вредност.

ТТК Банка АД Скопје и оваа 2020 година, продолжува со реализацијата на своите стратешки документи, деловна политика и финансиски план и во тие рамки во целост јаа остварува својата мисија да создава вредности за своите акционери, комитенти и вработените во Банката”, се вели во соопштението на Банката.


Тагови: Тетекс АД Тетово, ТТК банка АД Скопје,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: