ПОВЕЌЕ

    Триглав Пензиско Друштво се докапитализира со над 2,3 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    КХВ на Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови  ,‚Триглав Пензиско Друштво” АД Скопје му одобри да ја зголеми основната главнина преку издавање на 47.120 обични акции по пат на приватна понуда. Номиналната и продажната  вредност е 50 евра во денарска противвредност по акција, а вкупниот износ на емисијата изнесува 2.356.000 евра во денарска противвредност.

    2-та емисија на обични акции е наменета за Заваровалница Триглав д.д Љубљана, како институционален инвеститор, кој е и единствен акционер  со 100% учество во акционерскиот капитал на Друштвото.

    ,‚Триглав Пензиско Друштво” АД Скопје издава нови обични акции заради зголемување на основната главнина, со цел одржување на потребниот износ на главнина пропишан со Законот за доброволно финансирано пензиско осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично