ПОВЕЌЕ

    Стартуваше исплатата за второто тримесечје од МојДДВ

    Време зa читање: 2 минути

    Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства за второто тримесечје согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

    Повратот од 15 отсто од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2019 година.

    Од 01.07.2019 до 31.01.2020 година апликацијата МојДДВ ја користат 236.442 корисници, скенирани се 66.885.228 фискални сметки, остварен е промет од 32.456.740.434 денари, Вкупен ДДВ 3.512.292.634 денари, Поврат 15 отсто во износ од 526.843.896 денари или 8.567.000 ЕУР.

    Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28.948.878 фискални сметки и притоа остварен е вкупен промет од 14.301.474.854 денари. Вкупниот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15% е во износ од 233.176.601 денари.

    Според информациите од УЈП за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

    Во месец јануари 2020, првиот месец од третото тримесечје има нови 23.387 корисници на апликацијата МојДДВ и вкупен поврат 15% од ДДВ заклучно со 31.01.2020 година во износ од 1,724,000 ЕУР.

    Управата за јавни приходи уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

    И додека граѓаните и понатаму можат да скенираат фискални сметки, во тек е и големата наградна игра од проектот „Мој ДДВ – Моја награда“ која е во организација на Македонската лотарија, а секојдневно се извлекуваат добитници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично