Си-ен-би-си: Амазон ќе им плаќа на работниците да си заминат

Датум на објава: 09.03.2020

Време зa читање: 2 минути

Амазон има решение за работниците кои повеќе не сакаат да работат во таа компанија, според кое треба да им плати за да си заминат, пренесува Си-ен-би-си. Имено, американската фирма им нуди на вработените од 2.000 до 5.000 долари за да ја напуштат компанијата.

Вработените имаат право на ова по една година работа во компанијата, но ако ја прифатат понудата, немаат веќе право да се вратат да работат за гигантот на милијардерот Џеф Безос.

Прочитајте и ...  „Гугл“ известува за пониски приходи, првпат пад на профитот во вториот квартал

Ние сакаме во Амазон тие да бидат она што навистина сакаат да бидат. На подолг рок, ако работникот остане некаде каде што не сака да работи – тоа не е корисно ни за него, ниту за самата компанија, изјави гласноговорничката на компанијата, Мелани Ичиз.

Но, Амазон, всушност, не сака работниците да ја прифатат понудата. Дури и во понудата стои „Те молам, не ја прифаќај оваа понуда“.

Прочитајте и ...  Светските херои во пандемијата, на 25. место е Џек Дорси основачот на Твитер

Оваа програма, наречена „Pay to Quit“ (отплата за отказ), првпат е применета во малопродажната компанија за обувки Запос, која Амазон ја купи во 2009 година.


Тагови: pay to quit, Амазон, Вработени, запос, корпорација, отпуштања, Џеф Безос,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: