Сава Пензиско: Повеќе од 18 милиони денари приливи од камати во пензиските фондови

Датум на објава: 30.01.2020

Време на читање: 1 минута

Сава Пензиско објави дека во периодот од 22.1.2020 до 27.1.2020 година, на сметката на Сава пензиски фонд пристигнале следните приливи:

22.1.2020 – Камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 6.429.247,00 денари.

22.1.2020 – Камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 278.361,00 денари.

23.1.2020 – Камати во износ од 229.128,00 денари и 51.230,00 денари, по основ на орочени депозити во Охридска банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола, соодветно.

24.1.2020 – Камати во износ од 2.372.092,00 денари и 200.503,00 денари, по основ на орочени депозити во Универзална Инвестициона банка АД Скопје и Охридска банка АД Скопје, соодветно.

27.1.2020 – Камата од инвестиции во домашни државни обврзници, во износ од 7.602.579,00 денари.

27.1.2020 – Камати во износ од 384.366,00 денари и 214.284,00 денари, по основ на орочени депозити во Стопанска банка АД Битола и Охридска банка АД Скопје, соодветно.

Исто така, на ден 22.01.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигна прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 695.903,00 денари.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/


Тагови: Сава пензија плус, Сава пензиски фонд, Сава пензиско друштво,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: