ПОВЕЌЕ

    Првите добитници од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка АД Скопје – „Бесконтактно плати и награда фати“

    Време зa читање: 2 минути

    Првите добитници од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка АД Скопје – „Бесконтактно плати и награда фати“!

    На 18.12.2019 година, во просториите на Комерцијална банка, во присуство на нотар и двајца претставници на Банката, беа извлечени добитниците од првото неделно извлекување.

    Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.         

    Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена од денот на објавување на списокот на добитници, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Служба за банкарски картички, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје.

    Им честитаме на добитниците, а на сите останати им порачуваме дека има уште многу награди кои ве очекуваат. Продолжете да плаќате бесконтактно со Mastercard® и KomPay и обезбедете си што повеќе шанси за награда! Следното неделно извлекување е на 25 декември 2019 година.

    Главната награда, Toyota Corolla Hybrid, ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година, а во меѓувреме секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари.

    Наградната игра трае до 12 јануари 2020 година. Со секоја ваша бесконтактна трансакција во нашата земја со Mastercard® картичките за физички лица од Комерцијала банка од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка, а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay, добивате две шанси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично