Полска врати повеќе од 100 тони златни резерви од Велика Британија

Датум на објава: 27.11.2019

Полска врати од Велика Британија повеќе од 100 тони златни резерви во вредност од околу 18,3 милијарди злоти (4,7 милијарди долари), објави гувернерот на централната банка, Адам Глапински.

 

Златото е вратено од трезорот на британската централна банка (BoE), каде Полска по Втората светска војна ги зачува повеќето златни резерви.

Враќањето е организирано во осум пратки од по илјада лоста. Златото пристигна на аеродромите во Варшава и Познањ и потоа се транспортираше до трезорите на централната банка.

Полската централна банка во моментов има резерви од 228,6 тони злато, од кои во нејзините трезори има сочувано 105 тони.

Во 2018 и 2019 година, резервите според соопштението на централната банка се зголемени за 125,7 тони.


Тагови: британската централна банка, Велика Британија, златни резерви, Полска,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: