Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура во Скопје.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, месечна нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
– Најмалку високо образование од областа на економските науки;
– Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.
Избраниот кандидат треба да поседува:
– Развиени односи со деловни клиенти;
– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
– Самомотивираност и способност за самостојно работење;
– Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
– Добри аналитички способности;
– Висок степен на прецизност;
– Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
– Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;
– Способност за работа со утврдени временски рокови;
– Можност и афинитети за работа на терен;
– Солидно познавање на англиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
– Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ни испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: [email protected]
Огласот ќе биде активен заклучно со 26.03.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.