ПОВЕЌЕ

    Најава за статистички веб-портал на Народната банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народна банка извести дека во декемри 2019 година ќе биде пуштен во употреба статистички веб-портал на Народната банка, којшто е дел од проектот „Градење алатка за интерна анализа на податоци и статистички веб-портал за екстерни корисници“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата ИПА2012.

    Целта на овој портал е да се осовремени начинот на дисеминација на статистичките податоци и информации, со што истовремено ќе се поедностави пристапот на надворешните корисници до податоците коишто ги објавува Народната банка. Воедно, преку опциите за изготвување временски серии, филтрирање и преземање на податоците во различен формат, коишто ги нуди оваа интернет-алатка, се прошируваат и можностите за анализа на податоците од страна на крајните корисници. Со воведувањето на статистичката интернет-алатка, се напушта досегашната практика на објавување податоци во форма на документи во ексел-формат во делот „Статистика“ на интернет-страницата на Народната банка.

    Со пуштањето во употреба на статистички веб-портал се потврдуваат напорите на Народната банка за задоволување на специфичните потреби на корисниците, преку воведување модерни алатки за осовременување на начинот на дисеминација на статистичките податоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично