Мрачни предвидувања – германската економија во шок

Датум на објава: 25.03.2020

Деловната клима во Германија потона на најниско ниво од 2009 година, соопшти денеска економскиот институт Ифо, предвидувајќи остар пад на активностите во најголемата економија во Европа, како резултат на епидемијата на коронавирусот.

Резултатите од истражувањето за март покажуваат дека индексот на деловната клима паднал скоро 10 поени во март во однос на февруари на 86,1 поени, објави Ифо.

Ова е најголем пад од германското обединување и најниската вредност (индекс) од јули 2009 година, изјави претседателот на Ифо, Клименс Фуест.

– Германската економија е во шок, заклучи Фуест, укажувајќи на најголемо влошување на деловните очекувања во историјата на истражувањето.

Полоша е оденката за моменталната состојба на бизнисот.

Во услужниот сектор, индексот на деловна клима забележа најголем пад откако Ифо почна да собира податоци во 2005 година. Во индустријата падна на најниско ниво од август 2009 година.

Германската економија може да се намали од пет на 20 проценти оваа година, во зависност од времетраењето на блокадата предизвикана од пандемијата, рече економистот на Ифо, Клаус Вохлабе.

Тој додаде дека во секој случај очекува сериозна рецесија која ќе трае најмалку два квартала.


Тагови: Германска економија, Економскиот институт Ифо, Клаус Вохлабе,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: