МАПАС: СРЕДСТВАТА ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Датум на објава: 01.04.2020

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Тие се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите на индивидуалните сметки го загрозува износот на пензијата на идните пензионери, порачуваат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Една од целите поради кои е креиран вториот столб, велат од Агенцијата, е во иднина да се намали фискалниот товар на државата при исплата на пензиите.

Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитлано финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации, се вели во соопштението од МАПАС. Оттаму потенцираат дека во моментов во задолжителните пензиски фондови членуваат околу 515.000 членови.

Од МАПАС посочуваат дека оваа реакција следува по објавените информации во медиумите за примена на мерки за помош на економијата преку интервенција во вториот столб од пензискиот систем на Република Северна Македонија.


Тагови: Задолжителни пензиски фондови, Лична сметка, МАПАС, Реакција, Сопственост на членовите,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: