Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2020

Датум на објава: 10.02.2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01 – 31.01.2020 година вкупниот промет изнесувал 581.920.924 денари. 

Класичното тргување изнесувало 498.623.924 денари и е зголемено во однос на декември за 4,75 отсто кога изнесувало 476.014.452 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.864.160 денари и обврзници во вредност од 8.759.764 денари.

Блок трансакциите за јануари изнесувале 83.297.000 денари и се намалени за 69,42 отсто во однос на декември.

Бројот на трансакции во јануари изнесувале 1.812 и се зголемени за 2,49 отсто во однос на декември кога изнесувале 1.768.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јануари 2020 година можете да го погледнете тука.


Тагови: Алкалоид, Комерцијална банка АД Скопје, Македонска берза, Месечен статистички билтен за јануари, НЛБ банка АД Скопје,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: