ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со предновогодишна донација за Центарот за згрижување деца од улица

    Време зa читање: < 1 минутa

    Веќе 11 години Комерцијална банка АД Скопје другарува со децата од Дневниот центар за згрижување и едукација на деца од улица во Шуто Оризари. Овој пат, традиционално пред Нова година, Банката за нив организираше посета на киното „Милениум“, каде го гледаа синхронизираниот детски филм-комедија „Тера Вили“.

    Во духот на новогодишните дарувања, Банката им подари на децата чоколадни задоволства и прехранбени продукти за појадок за овој месец за да биде комплетно нивното задоволство од забавата.

    Координаторот на Центарот ја пренесе огромната благодарност до Комерцијална банка, потврдена и со десетици рачно изработени честитки од децата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично