Кинескиот гигант Алибаба гази на Хонгкошката берза

Датум на објава: 27.11.2019

Акциите на кинескиот технолошки гигант Alibaba на Хонгкошката берза забележаа уште еден одличен ден на тргување по огромниот успех кој го постигнаа во вторникот.

Акциите на Alibaba во Хонг Конг денес се зголемија за дополнителни 2,99 проценти, по скокот од 6,6 проценти во вторникот, објави CNBC.

Тоа значи дека тековната цена на Alibaba на акциите е околу 9,6 проценти над утврдената почетна цена на списокот од 176 хонкошки долари (околу 22,48 американски долари) по акција.

„Инвеститорите се подготвуваат за нив. Со интерес го гледам растот од 10 проценти во последните два дена од тргувањето“, изјави Џејмс Гериш, портфолио менаџер во компанијата Shaw and Partners.

Секундарното тргување на Alibaba во Хонг Конг стана најголемата иницијална јавна понуда во светот, поголема од околу осумте милијарди долари на Uber што ги собра во мај. Сепак, се проценува дека Saudi Aramco ќе ја преземе титулата од Alibaba на планираната иницијална понуда во декември.

Извор: Bankar.rs


Тагови: Алибаба,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: