ДГ Бетон АД Скопје на состанокот на 17.2.2020 година за ВД Извршен член на Одборот на директори и за ВД Генерален директор на ДГ Бетон АД Скопје го назначи Горан Мауровски. Извршената промена е запишана во Централниот Регистар на ден 20.02.2020 година.
34-годишниот Мауровски до сега беше директор на секторот за контрола и известување во ДГ Бетон АД Скопје, а е добитник и на престижната Business Elite’s ‘40 under 40’ на Global Top Brands Awards.