ПОВЕЌЕ

    ВФП Фонд Менаџмент однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 1.415.460 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Имајќи ја во предвид моменталната состојба и сериозниот предизвик со кој се соочува нашата земја, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје како профитабилна компанија одлучи во рамките на својот капацитет да помогне на државата во овие тешки моменти.

    ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Односно веднаш е исплатен вкупен износ од 1.415.460,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

    Со оваа постапка друштвото има за цел да придонесе за зголемена ликвидност на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзо ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните и за минимизирање на неминовните штети врз економијата.

    ВФП Фонд Менаџмент продолжува со своето ефикасно работење во корист на инвеститорите во фондовите под управување на Друштвото и притоа апелира за почитување на мерките и инструкциите дадени од надлежните органи, со цел побрзо пребродување на кризата и враќање на редовниот живот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично