СФОМ – Синдикалната организација на работниците од финансиските организации на Македонија, по повод светскиот ден на штедење 31 октомври традиционално секоја година организира спортски активности помеѓу банките и останатите финансиски институции членки на СФОМ.
Членови на синдикат од финансиските организации се натпреваруваат во куглање, пинг понг, пикадо, баскет, одбојка и мал фудбал.
Водител на настанот ќе биде добро познатиот Марко – дај побрзај, а за забавниот дел ќе се погрижи ДиЏеј Мац.
Љубителите на фудбалот, денеска со почеток во 12 часот во СЦ Форца можат да ги проследат натреварите помеѓу:
Комерцијална Банка АД Скопје – Охридска банка (победникот од овој натпревар игра против НЛБ Банка)
ТТК Банка – Виена Иншуренс Груп ВИГ (победникот од овој натпревар игра против Еуростандард Банка)
Силк Роуд Банка – Шпаркасе Банка Македонија
Халкбанк – Стопанска банка АД – Скопје
Со почеток во 20:00 часот, во Ресторанот Форца приредува забава, ќе бидат прогласени победниците, и ќе им бидат врачени пехарите.