
Денеска, 21 мај 2026 година, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференцијата „Општество и технологија – 2026“, 30 -та јубилејна манифестација на која СКСМ е еден од ко-организаторите на заедно со: Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија, и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и Универзитетот Алма Матер Еуропеа од Марибор. На отворањето, свое обраќање ќе има и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Конференцијата е со наслов – Технологијата и медиумите како трансформативна сила на економскиот развој во контекст на современите глобални трендови.
Целтта е преку дебати и дискуија да се најдат начини како да се поврзе знаењето и општествената пракса, да се поттикне комплементарната и интердисциплинарната соработка помеѓу научните и економските институции. Технолошкиот развој базиран на научни сознанија и опфаќајќи ги сите аспекти на дигитализацијата и напредните системи за вештачка интелигенција бара длабоки промени во сите општествени подсистеми, за што се потребни решенија до кои се стига преку вакви форми на излагања на глобално признати експерти и стручни лица, како што се учесниците во повеќе панел сесиии на конференцијата во Загреб.
Стратешката мисија на конференцијата е потрага по нови решенија кои можат да придонесат кон воспоставување рамнотежа помеѓу технолошкиот развој и општествениот напредок.
Конференцијата се одржува во период на исклучително интензивни глобални миграциски процеси, што на целиот настан му дава дополнителна научна и општествена релевантност. Преку стручни дискусии, научна ригорозност и аргументирана дебата, учесниците ќе придонесат кон отворање нови согледувања за развојот на современите економии и општества во контекст на глобалната мобилност како предизвик, но и како можност.
На конференцијата во Загреб, говорник ќе биде и д-р Марјан Бојаџиев, еден од потпретседателите на Стопанската комора.
Аналитика








