Комерцијална банка АД Скопје преку Македонска Берза ја известува јавноста дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 10.592 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 291.372 обични акции, односно има учество од 12,78% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.