ПОВЕЌЕ

    ЗОШТО КАМАТИТЕ КАЈ БРЗИТЕ КРЕДИТИ СЕ ПОВИСОКИ? Еве ја вистината! – Биљана Мишиќ за поткастот „Каде се парите“?

    Време зa читање: 2 минути

    Многумина се прашуваат — зошто кај финансиските друштва каматите се повисоки од банкарските? Биљана Мишиќ, директорката на Иуте Македонија, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува дека зад секој кредит стои сопствен капитал на друштвото и огромен ризик. Без хипотеки, без гаранции — сè се базира на проценка и доверба. Дали ризикот ја одредува цената? Дознајте повеќе во целосната епизода — следете не и притиснете  „сабскрајб“!

    „Апсолутно, сосема на местото е прашањето и треба да го разговараме за да клиентите станат свесни што е тоа инпут во таа цена, затоа што секоја цена која ќе се оформува, има одредени инпут во таа цена. Кај нас е технологијата и дигитализацијата која што ќе влегува како голем инпут и како голем оперативен трошок на цената во која ќе формираме и дополнително е цената на ризикот која ја сносиме затоа што финансираме комплетно од сопствени средства, од средствата на нашите основачи, а никако не сме заштитени во поглед на обезбедување, затоа што сепак не работиме солемизирани договори, не потпишуваме колатерали за изложеностите, буквално, необезбедена изложеност која што единствено се базира на добра проценка на ризикот.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично