ПОВЕЌЕ

    Зошто Алибаба беше казнета 2,8 милијарди долари?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Кинескиот трговски гигант Алибаба беше казнет со 2,8 милијарди долари поради монополски бизнис практики.

    Кинеските власти ја засилуваат контролата над технолошките компании затоа што, кинеското политичко раководство е загрижено за доминацијата на најголемите онлајн компании кои се шират на финансискиот пазар, во областа на медицинските услуги и во другите витални индустрии.

    Компанијата е казнета за „злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот“ со цел ограничување на своите активности на конкурентите кои работат преку платформата Алибаба.

    Државната служба за контрола на бизнисот објави дека Алибаба го попречува „слободниот проток на стоки“, за што е изречена висока казна. 

    „Алибаба искрено ја прифаќа казната и во иднина ќе постапува во согласност со законот“, се вели во соопштението на компанијата.

    Основачот и сопственик на Алибаба, Џек Ма, и еден од најбогатите Кинези, привремено исчезна од очите на јавноста откако ги критикуваше кинеските регулативи во своето обраќање во ноември, минатата година. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично