ПОВЕЌЕ

    ЗГОЛЕМЕНО НИВОТО НА ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ – 4,97 милијарди евра на крајот од октомври

    Време зa читање: 2 минути

    Државата располага со девизни резерви од 4.975,6 милиони евра. Октомвриското ниво е за 568,9 милиони евра повисоко во споредба со септември.

    Во најновата информација на Народната банка за официјалните девизни резерви и девизна ликвидност се посочува дека најголем дел од тие средства – 63,4 проценти, се пласирани во хартии од вредност. Следуваат валутите и депозитите со 25 и монетарното злато со 11,4 проценти.

    Сепак, треба да се има предвид дека високата месечна разлика ја прават парите од унгарскиот заем од 500 милиони евра. Што значи дека реално девзните резерви се зголемени за над 68 милиони евра.

    Девизните резерви, по дефиниција, се средства веднаш достапни и расположливи за монетарната власт, во чија надлежност е и контролата врз нив. Служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели. Во суштина, основната функција им е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.

    Девизна ликвидност, пак, е поширока дефиниција на девизните резерви. Ги опфаќа средствата расположливи веднаш на монетарната власт и на централната влада за задоволување на побарувачката за девизи, како и краткорочните обврски и вонбилансни активности, преку планираните и потенцијални нето-одливи на девизи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично