ПОВЕЌЕ

    Заем од 750 милиони долари од Светската банка за Јужна Африка за закрепнување од КОВИД

    Време зa читање: < 1 минутa

    Светската банка одобри заем од 750 милиони американски долари за Јужна Африка поврзан со КОВИД-19, со цел да помогне во заштитата на сиромашните и да го поддржи економското закрепнување од пандемијата, соопшти во петокот Националното Министерство за финансии.Втората по големина економија на континентот, Јужна Африка е тешко погодена од четирите брана на инфекција кои убиле близу 94.000 луѓе и заразиле 3,5 милиони со што оваа држава бешенајтешко погодена со случаи во Африка, јавува Ројтерс.

    Последователните локдаунипоради раширеноста на епидемијата доведоа до затворање на илјадници бизниси, зголемувајќи ја армијата невработени, при штостапката на невработеност во Јужна Африка достигна рекорд во 2021 година.

    „Буџетската поддршка на Светска банка доаѓа во критично време за нас“, рече во изјавата Дондо Могајане, генерален директор на Националното Министерство за финансии.Средствата од заемот за развојна политика ќе помогнат да се премости финансискиот јаз што произлегува од дополнителните трошења за кризата КОВИД-19, додаде тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично