ПОВЕЌЕ

    ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „РЕПЛЕК“ ДИВИДЕНДА ОД 2.700 денари по акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на „Реплек“ ќе поделат дивиденда од 1,16 милиони евра за успешно завршената 2023 година. Во која зголемените извозни активности донеле за 43 проценти повисоки приходи. Раст има и кај добивката – изнесува речиси 2,6 милиони евра.

    Дивидендата ќе се пресметува по бруто износ од 3.000, односно нето – 2.700 денари за акција. Тој предлог е доставен за разгледување на акционерското Собрание што треба да се одржи на 25 април. Предвидено е со исплата да се започне на трети јуни.

    Според дивидендниот календар, последен датум за тргување со право на дивиденда за 2023 година е 15 мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично