ПОВЕЌЕ

    ВО СОБРАНИЕТО ДВА ПРЕДЛОГА ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Државата бара заем од ОПЕК и од Светска банка

    Време зa читање: 3 минути

    Македонија е пред нова позајмица од 77,5 милиони евра. Понеделнички, во Собранието се доставени два предлог закони за задолжување, едниот кај Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, а другиот кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. Предложена е и скратена постапка.

    Од ОПЕК се барани 60, а одобрени се 50 милиони евра. Овие средства ќе ги користи Министерството за финансии, а ќе се отплаќаат од државната каса под „исклучително поволни услови“, како што се наведува во предложениот законски текст. Рокот за отплата е десет години, со двегодишен грејс период. За каматната стапка е наведено дека е шестмесечен ЕУРИБОР, зголемен за маргина од 1,7 насто.

    Овој заем ќе се отплаќа во 16 полугодишни рати, кои за намирување ќе пристигнуваат на 15 јануари и на 15 јули секоја година. Стартот на тплатата е утврден за 15 јануари 2026.

    За оваа услуга државата ќе му плати еднократна провизија на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК. Износост е 125.000 евра, односно 0,25 отсто од вкупната позајмена сума. Од каде што и ќе се покрие овој трошок.

    Исто така, предвидена е истата провизија од 0,25 проценти и доколку дел од заемот остане неповлечен на годишно ниво.

    Како што пишува во образложението, овој заем за одржливост и отпорност ќе биде во функција на развојните политики. Односно за „финансирање на буџетските потреби под исклучително поволни услови“.

    Исто така, како клучни активности кои ќе се поддржат со заемот се наведуваат: подобрување на квалитетот на испорака на јавни услуги; попродуктивни работни места во приватниот сектор и зголемена климатска отпорност.

    А, пак, „основно начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи реализација на Програмата за одржливост и отпорност“.

    Понизок износ – 30 милиони УСД или 27,5 милиони евра, е побаран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а врз база на Договорот за заем за финансирање на вториот проект за унапредување на социјалните услуги.

    Средствата ќе ги користи Министерството за труд и социјална политика. Правилата велат – заемот ќе и биде доделен на државата со рок на отплата од 11 и грејс период од гри години; каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон.

    И оваа позајмица ќе се отплаќа преку 16 полугодишни рати, кои ќе доспеваат на првите денови од февруари и август. Еднократната провизија е 0,25 отсто од износот, одосно 68.750 евра и ќе биде платена исто така со средствата од заемот. Толкав е и процентот за евентуално неповлечен дел од задолжувањето.

    Со ове пари треба да „се прошири пристапот и да се подобри квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги предучилишните услуги за ранливите групи“, се вели во предлог Законот, со чие усвојување треба да се обезбедат „финансиски средства за да се овозможи реализација на вториот проект за унапредување на социјалните услуги“.

    Останува на пратениците да ги изгласаат предлозите, по што заемот од Фондот за меѓународен развој на ОПЕК би требало да се повлече наскоро, до крајот на годинава, а тој од Светска банака ќе доаѓа за користење во транши.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично