Во 2023 година, во Европската унија беа регистрирани 1,5 милиони нови електрични патнички автомобили само на батерии, со што вкупниот број достигна 4,5 милиони – што е 48,5 отсто зголемување во споредба со 2022 година кога вкупниот број беше три милиони, објави агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат.
Уделот на електричните автомобили само со батерии меѓу новите регистрации достигна 14,6 отсто во 2023 година, соопшти Еуростат.
Ова означува продолжување на брзиот пораст на усвојувањето на електрични возила во ЕУ, соопшти агенцијата за статистика.
Овој удел на електрични автомобили само со батерии во новите регистрации остана под еден процент до 2018 година, но значително порасна во текот на изминатите четири години, зголемувајќи се на 5,3 отсто во 2020 година, девет отсто во 2021 година, 12,1 отсто во 2022 година и 14,6 отсто проценти во 2023 година.
Гледајќи низ целиот регион, најголем удел на нови возила со нулта емисија во сите нови возила е во Романија и достигна 10,6% во 2023 година. Најмал удел, под 3% во 2023 година е регистриран во Хрватска и Словачка. Во целиот регион, просекот беше на 5,4% во 2023 година.
Меѓутоа, кога станува збор за залихите на патнички автомобили, на 31 декември 2023 година, електричните автомобили со батерии сочинуваа 1,7% од сите автомобили во ЕУ, со забележителни варијации меѓу земјите на ЕУ.
Во Данска, електричните автомобили со батерии сочинуваат 7,1 отсто од сите патнички автомобили.
Слично на тоа, високи удели беа забележани во Шведска (5,9 отсто), Луксембург (5,1 отсто) и Холандија (пет отсто).
Спротивно на тоа, 14 земји, главно во централна и југоисточна Европа имаат удели под еден процент, со најнизок удел забележан во Кипар, Грција и Полска, секоја со по 0,2 отсто од вкупниот број на ЕВ на батерии.